ЗА НАС
Фирмата Интер Конекшн Груп е основана во 2009 година како мала фамилијарна општествено одговорна компанија со голем потенцијал за развој на македонскиот, балканскиот и светскиот пазар. Препознавајќи го квалитетот на основачите и вработените (интелектуален, амбициозен, професионален) се здобивме со голема и значајна подршка како од бизнис партнерите така и од нашите купувачи кај кои од пласирањето на првите производи кои беа од увозен карактер продолжи и кај сопствените брендови кои се градеа бавно и сигурно, но со голем и константен квалитет утврден на македонскиот пазар, од стандардни, докажани, угледни, сертифицирани производители на органски и природни суровини. И после 14 години напорна работа основачите и раководството останаа исти со голема и озбилна професионална надоградба во својот сектор во областа на фармацијата, медицината, технологијата, економијата,маркетинг стратегијата како и графичкиот дизајн.
Горди сме на нашите производи кои се одликуваат со убав, урбан, модерен и светски дизајн, кој со самата форма привлекува , а позади дизајнот и квалитетот стои макотрпен и долгогодишен труд на нашиот тим на професионалци (фармацевти, доктори, технолози, маркетинг професионалци, графички дизајнери) предводени од Спец.Фарм. Технолог Марија Николоски како Директор и посветен професионалец во својата бранша.
Интересот за производите е во нагорна линија од првичното производство па се до ден денес, а големите светски предизвици не влијаеа на истиот. Константниот квалитет и подршка, искрениот однос кон нашите потрошувачи и бизнис партнери, достапноста за совети од професионалци за нашите производи како и за сите други здравствени состојби дополнително придонесува за долгогодишната лојалност на нашите купувачи од сите возрасти.
Постојано ги следиме новите достигнувања и се залагаме нашите производи да бидат присутни не само кај нас и околните земји, и на други пазари, бидејќи имаат голем квалитет кој ние успеавме да го постигнеме и кој заслужува светска репутација.