Политика за враќање производ

Постојат 2 (две) опции за враќање на производот:

  1. Доколку производот е погрешно процесиран (добивате различен производ од тој што го имате нарачано)

ИНТЕР КОНЕКШН ГРУП-ВЕНУС ДООЕЛ сноси целосна одговорност за враќањето на производот, само дококу истиот е погрешно процесиран од наша страна.
Под погрешно процесирање се подразбира: испратен погрешeн производ.
Во тој случај потребно е да се јавите на телефон за контакт (+389)71-359-770 или да го испратите производот на нашата адреса:
ул.1687 66, 1000 Скопје, Р. Македонија

Производот НЕ треба да биде отстранет од оригиналното пакување и треба да ја содржи испратницата која ние Ви ја имаме пратено со истиот. Трошоците поврзани со враќањето ќе бидат подмирени од наша страна.

Доколку не сме во можност да го замениме производот, на корисникот ќе му биде понудено рефундирање на уплатените парични средства. Рефундацијата на паричните средства ќе биде процесирано на трансакциска сметка на Ваше име во било која банка која оперира на територијата на Република Македонија.

  1. Доколу производот е оштетен

При превземање на производот задолжително треба да го проверите истиот. Производите се испраќаат од ИНТЕР КОНЕКШН ГРУП-ВЕНУС ДООЕЛ во неоштетена состојба и Ние не одговараме за штети настанати по прием на производот. Доколку производот има фабричко оштетување постои можност производот да се замени, доколку сеуште го има на залиха. Корисникот има право да ги искористи овие можности во рок од 15 дена по примањето на производот.

Доколку производот што сакате да го замените не е повеќе на залиха ќе ви биде понуден друг соодветен производ или целосно рефундирање.

ИНТЕР КОНЕКШН ГРУП-ВЕНУС ДООЕЛ го задржува правото за промена на „Политика за враќање производ“.

Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата www.icg.mk

My Cart
Wishlist
Recently Viewed
Categories